
Шкендија го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, откако тетовскиот клуб потврди дека Алмир Криезиу е нов член на шампионскиот состав. Дваесет и седумгодишниот крилен напаѓач стави потпис на двегодишен договор, откако претходно успешно ги мина задолжителните медицински прегледи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По официјалната промоција и првите обврски како нов фудбалер на Шкендија, Криезиу веднаш замина за Словенија, каде што екипата ги одработува летните подготовки, со цел што побрзо да му се стави на располагање на стручниот штаб.
Новиот играч на тетовци доаѓа од косовоското првенство каде што во дресот на Балкани имаше солидни настапи и за него според информнациите имало интерес од повеќе клубови. Исто така за него ова ќе биде прв ангажман надвор од Косово.
Така Шкендија очекува во наредната сезона да биде големо засилување.