Дома Останати Тенис Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во својата кариера, кога од 12 часот ќе дебитира на Вимблдон. На стартот од најпрестижниот тениски турнир во светот ја очекува исклучително тежок предизвик – дуел против шестата носителка и шеста тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со пласманот во главната ждрепка на Вимблдон, Ѓорческа веќе испиша историја, станувајќи првата македонска тенисерка што обезбедила настап во главниот турнир на еден грен-слем во поединечна конкуренција.

Според распоредот, нивниот меч ќе се игра на теренот број два, а почетокот е закажан за 12 часот.

Љубителите на тенисот во Македонија ќе имаат можност во живо да го следат историскиот настап на Ѓорческа, бидејќи директен телевизиски пренос од натпреварот ќе биде емитуван на каналите на Арена Спорт Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа: Секогаш знаев и верував дека сум блиску, коцките треба да се склопат!

По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската …