Дома Фудбал Италија Од Албанија стигна најава дека Елмас добива нов тренер

Од Албанија стигна најава дека Елмас добива нов тренер

Eдуардо Реја ќе добие отказ на селекторското столче на Албанија.

Освен што првиот човек на албанскиот сојуз, Армат Дука го најави отказот на Реја, најави и заминување на Анчелоти од клупата на Наполи.

„Колку што јас знам, Де Лаурентис бара нов тренер. Жал ми е поради Карло, јас сум миланист. Ако ја прифати нашата понуда ќе биде одлично решение“, изјави Дука.

Интересно е што еден од најпознатите албански играчи Хисај баш и нема добра соработка со Анчелоти во Наполи.

Ќе потсетиме, во тимот на Елмас владее вистински хаос и Анчелоти е под притисок. Медиумите се убедени дека ако не го победи Милан и изгуби од Ливерпул, односно не се пласира во топ 16 фазата од Лигата на шампионите ќе добие отказ на почетокот на декември.

Од друга страна во Албанија не се задоволни од резултатите на Еду Реја и сакаат да започнат нов циклус со некое звучно име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Ѕверот“ од Премиер лигата имаше чудна припрема за натпреварот, но дали ова е дозволено? 📸

Вулверхемптон вчера со 1:0 го победи Олимпијакос и се пласираше во четвртфиналето од Лига …