Дома Топ вести Нови детали: Познато кој е фаворит за наследник на Зидан

Нови детали: Познато кој е фаворит за наследник на Зидан

Реал Мадрид лошо ја отвори сезоната, па шпанските медиуми веднаш почмнаа да шпекулираат со можен отказ за Зинедин Зидан.

Шпанците пишуваа и дека Флорентино Перез јасно го покажал своето незадоволство и после вчерашниот пораз накратко се симинал во соблекувалната и отворено зборувал дека вакво нешто не смее да им се повтори. 

Најавите се дека иднината на Зидан како тренер на Реал ќе зависи од резултатите на Ел Класико против Барселона и потоа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. 

Веќе почна да се шпекулира и со можни наследници на Французинот, а прв фаворит е Маурисио Покетино.

Аргентинецот не крие дека има голема желба да седне на кормилото на „кралевите“, а во моментов е без ангажман.

Втората опција е на клупата да седне клупската легенда Раул Гонзалес Бланко, кој во моментов го води вториот тим на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: ПСЖ нема да гостува во Скопје на 10. декември

По одложувањето на натпреварот на Вардар на гости кај ПСЖ, денес ЕХФ потврди дека нема да …