Додека во тек е плејофот во НБА лигата соопштени се тројцата играчи кои ќе се борат за наградата МВП за оваа сезоната.
Тројцата играчи кои ќе конкурираат за оваа награда се Јанис Антетокумпо, Џејмс Харден и Пол Џорџ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголем фаворит за освојување на оваа награда е грчката ѕвезда на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо. Тој прикажуваше фантастични настапи во текот на целата сезона, а покрај тоа стигна и најдалеку во плејофот во однос на неговите конкуренти. Во регуларниот дел од сезоната Јанис имаше просек од 27.7 поени по натпревар, 12.5 скока, 5.9 асистенции, 1.5 болка, 1.3 украдени топки. Ако ја освои оваа награда тој ќе стане вториот европски кошаркар кој го добил ова признание после Дирк Новицки.
Харден кој ја брани МВП наградата е најдобар стрелец со просек од 36.1 поени, додека најголем аутсајдер е Пол Џорџ кој имаше најдобра „кошгетерска“ сезона во кариерата со просек од 28 поени по натпревар.
Победникот ќе биде соопштен на 24 јуни.