
Легендарниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер даде искрена оценка за актуелната состојба на германската репрезентација.
„Повеќе не сме топ репрезентација. Сега сме само просечен тим“, изјави Швајнштајгер, кој смета дека Германија се наоѓа во период на промени.
Тој воедно изрази надеж дека Јирген Клоп би можел да помогне во создавањето на нов тим, кој ќе игра во препознатливиот стил на германскиот тренер.
„Се надевам дека Јирген Клоп ќе успее да создаде тим кој ќе може да игра фудбал во неговиот стил“, додаде Швајнштајгер.