Дома Останати Кошарка Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните прашања во спортскиот свет стана каде ќе ја продолжи својата кариера. Се чини дека одговорот можеби случајно го откри Мајами Хит, кој наводно ненамерно најави дека Џејмс се враќа на Флорида, каде што настапуваше со голем успех во периодот од 2010 до 2014 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На официјалниот YouTube-канал на Мајами Хит накратко се појави најава за пренос во живо закажан за 27 јули. Настанот бил насловен како прес-конференција за претставување на Леброн Џејмс. Скриншот од оваа најава брзо се прошири на социјалните мрежи пред клубот да реагира.

Набргу потоа, раководството на Мајами Хит го смени насловот на објавата во „тест“, а видеото го направи приватно. Сепак, тоа се случи пред голем број корисници да го зачуваат првичниот изглед на објавата.

Овој голем пропуст на Мајами Хит експресно се прошири низ социјалните мрежи, каде што многумина коментираа: „Некој ќе добие отказ.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ја парализираше НБА-лигата

Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и влегува во веројатно последната сезона од…