Дома Останати Кошарка НБА Ниту неверојатниот настап на Јанис не беше доволен за Милвоки – Гркот дојде на минус еден од личниот рекорд, Бакси поразени!

Ниту неверојатниот настап на Јанис не беше доволен за Милвоки – Гркот дојде на минус еден од личниот рекорд, Бакси поразени!

Грчката ѕвезда Јанис Адетокумпо дојде на еден поен до личниот рекорд, но и тоа не му помогна на Милвоки да слави против Индијана на гостински терен.

Пејсерси славеа победа до 126:124 и покрај одличното издание на Јанис кој мечот го заврши со 54 поени, 12 скока и три асистенции. Од игра Гркот шутираше 19/25, но псоледниот кош го постигна на пет минути пред крајот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бакси имаше и предност од 10 разлика, а во клучните моменти кога се одлучуваше победникот изгуби две топки.

Индијана со овој триум ја прекина мини-серијата три победи во низа на Милвоки. Зад Јанис кој по седми во кариерата уфрли над 50 поени следуваше Крис Мидлтон со 19.

Во вториот дуел кој се играше изминатата вечер, Атланта на гости славеше против Орландо со 120:119.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…