Дома Кошарка Хаос во НБА: Јанис постигна 64 поени, па тргна да се тепа за – топка! 🎥

Хаос во НБА: Јанис постигна 64 поени, па тргна да се тепа за – топка! 🎥

Јанис Адетокумбо одигра историски натпревар поставувајќи личен рекорд од 64 поени во победата на Милвоки над Индијана, но беше вмешан и во еден инцидент.

Очекувано, Јанис по таквиот настап сакаше да си ја зема топката со која се играше натпреварот.  Но од другата страна Оскар Чивебе ги запиша првите поени во НБА лигата, па и од Индијана тргнаа да ја сочуваат топката како спомен.

Тоа не му се допанда на Јанис кој бесно реагираше и тргна кон тунелот кон соблекувалната. Таму настана мешаница и турканица од двата тима.

На крајот Јанис изјави дека се сомнева дека ја добил вистинската топка.

„Добив топка, ама не знам дали со таа се играше натпреварот. Не сметам дека е така, не ја чувствувам како истата топка ми делува како нова. Бев на теренот 35 минути, знам каква беше топката со која се играше“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Прво сезонско дерби: Ефремовски верува дека Работнички може до победа

Работнички му гостува на МЗТ Скопје во првата меѓусебна пресметка сезонава. Виктор Ефремов…