Дома Останати Тенис Надал и Алкараз како некогаш Агаси и Сампрас – вакво нешто не се случило повеќе од 22 години

Надал и Алкараз како некогаш Агаси и Сампрас – вакво нешто не се случило повеќе од 22 години

Со елиминацијата на Каспер Руд во четвртфиналето на турнирот во Сеул (изгуби денес од Јапонецот Нишиоко) стана јасно дека Рафаел Надал ќе го престигне на АТП листата.

Од понеделник Надал ќе биде втор тенисер на АТП. Така првите две тенисери ќе им припаѓаат на Шпанци, лидер веќе е Карлос Алкараз кој до оваа позиција стигна со освојувањето на УС Опен.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ова значи дека за првпат од 7. август 2000. година првите два тенисери ќе доаѓаат од иста земја. Пред повеќе од 22 години лидер на АТП беше Андре Агаси, а зад него доаѓаше неговиот сонародник Пит Сампрас.

Алкараз и Надал како што стојат работите имаат голема шанса да останат на овие позиции до крајот на 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер: Во пад сум, но тоа не ме загрижува, сакам да го освојам Ролан Гарос“

Вториот тенисер во светот Јаник Синер синоќа загуби во четвртфиналето на АТП турнирот од с…