Дома Фудбал Нкунку се враќа во Германија, Лајпциг и Милан постигнаа договор

Нкунку се враќа во Германија, Лајпциг и Милан постигнаа договор

Лајпциг и Милан постигнаа договор за трансферот на Кристофер Нкунку, кој ќе се врати во еден од неговите поранешни клубови, каде што го помина најуспешниот период во неговата кариера досега.

Тренерот на “росонерите” Рубем Аморим означи група од неколку играчи на кои нема да смета за новата сезона, а Французинот беше еден од нив. Останатите се Фикајо Томори, Јусуф Фофана и Сантијаго Хименес, кои исто така треба да бидат трансферирани до крајот на летниот преоден рок.

Според Џанлука Ди Марцио, структурата на договорот е следна – РБ Лајпциг првично ќе го земе Нкунку на позајмица, која ќе го чини клубот 4 милиони евра. Понатаму ќе има опција за откуп во износ од 28 милиони. Така, вкупната вредност на трансферот ќе биде 32 милиони евра. Самиот Французин ќе заработува по пет милиони евра годишно.

Трансферот треба да биде конечно финализиран за 2-3 дена.

Минатото лето Милан плати на Челси 37 милиони евра за Нкунку без бонусите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити го договори посакуваниот трансфер од 100 милиони

Манчестер Сити постигна договор со Лил за трансферот на талентираниот играч од средината н…