Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ќе ги памети овие зборови од Надал до крајот на животот

Ѓоковиќ ќе ги памети овие зборови од Надал до крајот на животот

Ривалството помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е едно од најголемите во историјата на тенисот, а нивните меѓусебни дуели со години ги воодушевуваат љубителите на овој спорт ширум светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот и шпанскиот тенисер одиграа вкупно 60 меѓусебни натпревари, а поуспешен беше Ѓоковиќ кој оствари 31 победа, додека Надал славеше 29 пати.

Надал објасни дека подготовката за мечевите против Ѓоковиќ беше сосема поинаква од било кој друг тенисер.

Истакна дека против Роџер Федерер можеше да најде одредени тактички слабости, но дека против Ѓоковиќ такво чувство просто немаше.

Поради тоа мораше постојано да ја прилагодува својата игра и да одржува исклучително висок ниво во текот на целиот меч за да има шанса да постигне победа.

Говорејќи за тоа што го прави Ѓоковиќ посебен, Надал не штедеше зборови на пофалби и отворено призна колку му беше тешко да игра против него.

„Кога играм против Новак Ѓоковиќ, тогаш е малку поинаку. Можеме да имаме стратегија, но на крајот се сведува на тоа дека морам да играм многу добро. Мислам, морам да играм многу добро цело време. Тоа беше толку тешко. Против Роџер можете да најдете начин да направите штета на неговиот бекхенд, а против Новак немам такво чувство. Чувството е дека морам да играм добро толку долго. И знам дека морам да се приспособам, дека не можам толку долго да играм на неговиот бекхенд. Особено високи топки, затоа што тогаш тој ја забрзува играта и ве става во тешка позиција. Затоа често користам слајс против него, а понекогаш е добро да се игра право низ средината на теренот. Да не му давате многу агли“, кажа тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…