
Напаѓачот на Баерн Минхен Хари Кејн откри дека следуваат разговори за продолжување на неговиот договор со клубот. Сегашниот договор на англискиот репрезентативец со Баварците истекува по завршувањето на оваа сезона.
„Ќе разговараме оваа или следната недела. Едноставно ќе одржиме отворена дискусија. Не ни се брза никаде и нема потреба од паника. Целото мое внимание е насочено кон Баерн и претстојната сезона“, изјави Кејн.
Англичанецот додаде дека процесот ќе се одвива далеку од светлината на прожекторите.
„Ова прашање ќе се решава зад сцената. Ќе дознаете се кога ќе има информации кои може да се споделат“, коментираше Кејн.
Англичанецот не успеа да постигне гол при победата над Борусија (Дортмунд) со 2:1 за Суперкупот на Германија, но освои го петтиот трофеј во кариерата, а сите тие ги има со тимот на Баерн.