Дома Фудбал Германија Нагелсман со коментар за можноста да го превземе Баерн

Нагелсман со коментар за можноста да го превземе Баерн

Тренерот на Баерн Минхен Ханси Флик во последно време често се поврзува со заминување од клубот.

Скорро секоја недела германските новинари го прашуваат 56 годишниот стратег за неговата иднина, а тој сега не даде никаков конкретен одговор дали останува.

Флик се поврзува превземање на репрезентацијата на Германија, а после вчерашниот меч и елиминацијата од ПСЖ Лотар Матеус даде коментар во кој тврди дека Ханси одлучил да го превземе националниот тим на Германија.

Како можен наследник на Флик се споменува Јулијан Нагелсман.

„Нема никакви прегогови и разговори помеѓу мене и Баерн. Исто можам да го кажам и за својот агент. Не сум разговарaл со клубот на таа тема, бидејќи нема за што да се разговара. Имам договор со Лајпциг до 2023 година и тоа е тоа“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Богаташ купи клуб за да може да игра неговиот син од 126 килограми📷

Фудбалските клубови за жал станаа „играчки“ на богатите луѓе. Па неверојатна приказна ни п…