Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот до Светското првенство во 2026 година, соопшти денеска Германскиот фудбалски сојуз.
Откако беше изненадувачки отпуштен од Баерн Минхен во март 2023 година, Нагелсман ја презеде функцијата селектор на Германија шест месеци подоцна, заменувајќи го Ханси Флик на клупата на националниот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Актуелниот договор со 36-годишниот Нагелсман важеше до крајот на Европското првенство на кое Германија е домаќин од 14 јуни до 14 јули годинава.
Останувањето на Нагелсман на клупата на Германија стави крај на можноста тој да се врати во Баерн, кој е во потрага по нов тренер и наследник на Томас Тухел.
Според германскиот печат, враќањето на Нагелсман било важна цел за Баерн откако Чаби Алонсо решил да остане во Баер Леверкузен и следната сезона.
Досега се мислеше дека Баерн е приоритет на сите приоритети за секој Германец, но денеска видовме дека репрезентацијата е пред се.
“Ова е одлука донесена од срце. Голема чест е да се биде тренер на репрезентацијата и да се работи со најдобрите играчи во земјата. Заедно сакаме да бидеме успешни на Европското првенство на домашен терен, возбудени сме поради тоа. По тоа, со нетрпение очекувам да го прифатам предизвикот заедно со мојот тренерски штаб на Светското првенство“, изјави Нагелсман.
Неодамнешните резултати на Германија, односно победите против Франција и Холандија, им дадоа надеж на навивачите за успех на Европското првенство.