Германија одлично го стартуваше ЕП, прво ја декласираше Шкотска со 5:1, а вчера со сигурна играше славеше и над Унгарија.
Како прва фудбалска репрезентација која синоќа се пласираше во осминафиналето на Европското првенство, Германија сака да победува на секој натпревар, без да размислува за потенцијалните противници, изјави селекторот Јулијан Нагелсман по победата од 2:0 против Унгарија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
“Сакаме да завршиме на првото место, тоа е важно. Сакаме да победиме на сите натпревари, а потоа ќе видиме против кого ќе играме. Останува уште еден натпревар. Не можеме да влијаеме на другите натпревари”, изјави Нагелсман на прес-конференцијата.
Фудбалерите на Германија во последното коло во недела ќе ги одмерат силите против Швајцарија.