Дома Фудбал Англија Навивачите на Сити му се налутија на Гвардиола: Немаме време сите во среда навечер за гледање фудбал во живо!

Навивачите на Сити му се налутија на Гвардиола: Немаме време сите во среда навечер за гледање фудбал во живо!

Пеп Гвардиола ги критикуваше навивачите на Манчестер Сити, а тие веднаш му одговорија.

Сити во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите го пречека Лајпциг и победи со 6:3. Гвардиола беше разочаран што на стадионот имало „само“ 38.000 навивачи, иако капацитетот на „Етихад“ е 54.000.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите беа разочарани од изјавата на својот тренер, а официјалниот клуб навивачи на Сити веќе излезе со соопштение во кое го советува Гвардиола да се држи до својата работа.

„Пеп не разбира дека сите навивачи во среда навечер немаат време да гледаат натпревар во живо. Можеби треба да се погрижат за своите деца. Се уште постојат проблеми со пандемијата. Не разбираме зошто тоа го изјави. Станува збор за најдобриот тренер во светот и нека си ја работи својата работа“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…