Дома Фудбал Италија Мурињо откри зошто не се врати во Милано да ја слави титулата со Интер: Веќе имав потпишано со Реал

Мурињо откри зошто не се врати во Милано да ја слави титулата со Интер: Веќе имав потпишано со Реал

На денешен ден во 2010 година Интер го победи Баерн Минхен на „Сантиаго Бернабеу“ и ја освои Лигата на шампионите.

Така „нероаѕурите“ предводени од Жозе Мурињо ја комплетираа тројната круна и ја одиграа најдобрата сезона во својата историја.

Сепак, „дамка“ на тројната круна остави токму Жозе Мурињо кој остана во Мадрид и не се врати со своите фудбалери во Милано да ја прослави титулата.

„Го давам најдоброто од себе кога се чувствувам како дома, кога можам да ги почувствувам емоциите на целата група… тогаш давам 200%, го оставам срцето. Затоа на 22 мај во Мадрид, имав прилика да искусам колку среќни беа другите, од претседателот Масимо Морати, до луѓето кои работат во магацинот. Обично прво мислев на себе, па потоа на другите, но во Интер не беше така“.

„Десет години подоцна, уште сме заедно. Пред некој ден се слушнав со Алесио. Тој беше шофер кога јас бев во Интер. Во кој клуб има нешто такво, тренерот што си заминал, десет години подоцона да разговара со шоферот? Никаде. Ете таква хемија имаше во тој Интер“, истакна Мурињо.

„Ако се вратев назад во Милано после финалето во Мадрид со тимот можеше да не заминам од Интер. Кога ќе ги видев фановите како скандираат, ќе ме натераа да патам, бидејќи јас имав потпишано со Реал Мадрид уште пред финалето. Отидов во домот на Морати за да му кажам и тој не ми дозволи да му кажам. Медиумите пишуваа дека луѓето од Реал дошле во хотелот пред мечот, но тоа не е точно. Јас за време на финалето веќе имав потпишано за Реал“, открива Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деби гол на Вернер во дресот на Челси – и тоа каков!

Во тек е натпреварот од Лига купот помеѓу Тотенхем и Челси. Гостите дојдоа до водство, а д…