Дома Фудбал Најпознатиот клуб ќе добие најнеобичен стадион во светот: Ќе се гради од посебен материјал

Најпознатиот клуб ќе добие најнеобичен стадион во светот: Ќе се гради од посебен материјал

Бирмингем Сити планира изградба на нов стадион кој треба да стане еден од најинтересните спортски објекти не само во Англија, туку и во светот.

Новата арена ќе биде дел од голем спортски и забавен комплекс што се планира во Бирмингем, а проектот веќе има привлечено големо внимание поради бројни необични детали.

Посебно интересно е што дел од новиот стадион ќе биде изграден користејќи тули од 130 години стара болница. Станува збор за некогашната Градска Болница, која своите врати ги затвори во 2024 година.

Според проектот, новиот стадион на Бирмингем Сити ќе има капацитет од дури 62.000 гледачи, што е повеќе од двојно во однос на сегашниот капацитет на стадионот на кој клубот моментално може да прими околу 29.000 навивачи.

Околу стадионот ќе бидат изградени и 12 големи оџаци, кои ќе бидат своеобразен симбол на целиот проект. Тие се инспирирани од индустриското минато на регионот Вест Мидлендс и историјата на производство на тули во Бирмингем.

За изградба на тие оџаци е планирано да се користат дури еден милион тули од некогашната Градска Болница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Време ли е за пензија: Неверојатно промашување на Роналдо

Португалија ја победи Велс 1-0 во Лигата на нации, но натпреварот беше обележан со фрустри…