
Барселона ова лето сериозно се обидуваше да го донесе Џулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Аргентинскиот напаѓач беше една од големите желби на каталонскиот клуб, но на крајот договорот не беше реализиран.
Барселона дури испрати понуда за Алварез, но Атлетико не сакаше да го продаде својот напаѓач на каталонскиот гигант. Мадридскиот клуб од почетокот зазеде цврст став и не беше подготвен да отвори преговори за неговото заминување во Барселона.
Ситуацијата беше особено интересна поради односите на двата клуба, бидејќи Атлетико не ја третираше Барселона како обичен купувач. Токму затоа понудата на Каталонците не го промени ставот на раководството на мадридскиот клуб.
Барселона така мораше да се откаже од планот Алварез да го доведе кај нив. Наместо аргентинскиот репрезентативец, каталонскиот клуб се сврте кон други решенија за нападот.
За целата приказна сега зборуваше спортскиот директор на Барселона, Деко, кој јасно порача дека клубот повеќе не сака да живее во минатото и да чека промената на ситуацијата.
“Џулијан Алварез сега е дел од минатото. Мораме да гледаме кон иднината и да се фокусираме на играчите што ги имаме на располагање”, рече Деко.