Жозе Мурињо откри за две одлуки кои се покажаа како грешки во неговата тренерска кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за неговите престои во Реал Мадрид и во Рома и според него тој си заминал премногу рано од овие клубови.
„Го сакам фудбалот и мојата работа. Не сакам да ја чекам совршената можност, најдоброто место, а уште помалку да одморам. Реков „да“ на клубот кој многу ме сакаше и го покажа тоа од првиот ден“, изјави тој во интервју за „Кориере дело спорт“.
Запрашан за работите за кои жали, тој одговори: “Има многу, ако зборуваме за натпревари. Во однос на мојата кариера – кога му реков не на Флорентино Перез. Тој ми рече: “Му, не оди сега. Напорната работа е завршена, сега започнува најдобриот дел. Знаев дека е во право, но сакав да се вратам во Челзи по три години многу предизвици во Шпанија. Потоа Будимпешта и хаосот на Ентони Тејлор (судијата во финалето на Лига Европа каде беше поразена Рома). Требаше тогаш да ја напуштам Рома. Не го направив и тоа беше грешка“.