Дома Топ вести Милан на шопинг во Лондон – пристигнуваат две големи ѕвезди

Милан на шопинг во Лондон – пристигнуваат две големи ѕвезди

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок и веќе работи на доведување две големи засилувања од Лондон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за плејмејкерот на Челзи, Цеск Фабрегас кој добива мала минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината, како и крилниот напаѓач на Тотенхем, Ерик Ламела.

Новиот извршен директор на „росонерите“ Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилиано Мирабели викендов беа во Лондон каде во живо го следеа дуелот помеѓу Челзи и Лестер.

Притоа челниците на италијанскиот клуб оствариле средба со Челзи и Тотенхем на која разговарале за можните трансфери на споменатите фудбалери.

„Росонерите“ се спремни да платат 25 милиони евра за Ламела, кој веќе има искуство во Серија А, а трансферот на Фабрегас би требало да изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…