Македонскиот фудбалер, Мартин Мирчевски кој настапува во Србија за тимот на ТСК Бачка Тополо заедно со уште негови четворица соиграчи биле херои во верижен судир во кој учествувале дури 12 возила.
Несреќата се случила поради песочната бура која се создала од големиот ветер, видливоста била минимална, но за среќа во целиот хаос немало загинати, повредените брзо се пренеле во најблиската болница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мирчевски заедно со уште четворица негови соиграч се враќал од тренингот кога налетале на страшната ситуација. Веднаш забележале дека се уште постои опасност, па застанале со возилото и ги стопирале автомобилите кои допрва требало до местото.
Fudbaleri TSC-a (Antonić, Đakovac, Čalušić, Mirčevski i Filipović) naleteli na lančani sudar i kada su videli da nadolazeći automobili nisu ni svesni šta ih čeka izašli su napolje, zaustavljali ih i verovatno spasili nekoliko života! 👏❤️ pic.twitter.com/NS7JtXH7j8
— Mozzart Sport (@MozzartSport) March 29, 2023
Капитенот на Бачка Топола бил помеѓу фудбалерите кои биле со Мирчевски, па во изјава за „Моцарт Спорт“ ја раскажа ситуацијата.
„Кога се враќавме од тренингот ветерот крена голема прашина и видливоста беше многу мала, ја намаливме брзината, но за малку и ние ќе учествувавме во несреќата. Низ облакот прашина се пробивме на другата страна кога налета камион на еден од автомобилите кои беа на патот.
Се тргнавме од патот и се симнавме во каналот од каде што забележавме дека и други автомобили се приближуваат и незнаејќи дека пред нив има голем судир. Истрчавме до автомобилот и почнавме да ги запираме, во меѓувреме повикавме брза помош, пожарна и полиција“, изјави Антониќ.