Maкедонскиот повремен репрезентативец, Мартин Мирчевски е пред трансфер во Железничар од Босна, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мирчевски последниот ангажман го имаше во српската ТСЦ Бачка Топола, претходно беше дел од Академија Пандев, Вардар, Беласица, Трепча, Победа и Пелистер. Дресот на ТСЦ го носеше од 2022 година и на 44 натпревари постигна 13 погодоци.
Екипата на Железничар новата сезона ја започна со пораз на домашен терен од 0:1. Ќе потсетием, дресот на овој клуб од овој преоден рок го носи и Матеј Цветановски.