Дома Фудбал Англија Конте и Паратичи преговараат со Тотенхем

Конте и Паратичи преговараат со Тотенхем

Тотенхем е во потрага по нов тренер за следната сезона, а погледите го насочува кон Италија.

После отказот на Мурињо, „спарси“ бараат познато тренерско име за следната сезона, а прв на листата желби е Антонио Конте.

Конте откако го напушти Интер е спремен да се врати во Лондон, а медиумите пренесуваат дека преговорите се во напредна фаза.

Станува збор за долг договор и амбициозен проект, а покрај Конте, Тотенхем преговара и со директорот Фабио Паратичи.

Паратичи после 11 години се раздели со Јувентус и најверојатно наскоро ќе биде промовиран во нов спортски директор на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Албанија: Претседател на клуб со боксови нападна судија! (Видео)

Сосема неочекувано, натпреварот меѓу Елбасани и Влазнија продолжи со тензии и по последнио…