Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после oна што се случуваше во последно време никој не верува дека тоа ќе се случи.
Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за натпреварите на Интер против Рапид Виена во Лигата на Европа и Сампдорија во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неодамна новинарот Валер Де Маџо тврдеше дека сето ова се случува затоа што Икарди има постигнато договор со Јувентус.
На оваа тема се огласи и спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи кој потврди дека Јувентус водел преговори за Икарди, но во текот на летото. Исто така потврди дека во овој момент немаат контакт ниту со него, ниту со Ванда. Меѓутоа и најави дека за тие работи ќе размислуваат во текот на летото.
„Нешто морам да кажам – со Икарди овој период немаме контакт. Да, преговаравме но тоа беше во текот на летото пред да го купиме Роналдо и сега не сакаме да го вознемируваме Интер. Немаме контакт ниту со него, ниту со Ванда. Во иднина? Не можеме да знаеме што ќе се случи, за тоа ќе размислуваме кога ќе доје преодниот рок“, изјави Партичи.
На ова веднаш следуваше одговор од неговиот колега од Интер, Бепе Марота.
„Ако луѓето од раководството на Јувентус за Икарди велат „ќе видиме што ќе се случи на лето“. Тогаш и јас можам да кажам исто за Дибала – ќе видиме што ќе се случи на лето“, изјави Марота.