Дома Останати Тенис Кирјос после Ѓоковиќ на социјалните мрежи влезе во конфликт со друг тенисер

Кирјос после Ѓоковиќ на социјалните мрежи влезе во конфликт со друг тенисер

0

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос повторно на себе го навлече бесот на друштвените мрежи, овој пат поради конфликт со Микаил Кукушин на Инстаграм.

АТП на својот Инстаграл профил објави фотографија од Кријос како сервира „под рака“ нешто што тој го прави често, а поради тоа многумина го критикуваа. Во описот тие додадоа:

Тактика или проблем? Така предизвикаа полемика во коментарите.

Се јави Кукушин кој како коментар остави емонтикон со палевот свртен надоле јасно порачувајќи дека не го одобрува таквиот сервис. Кирјос се почуствува повикан и му возврати.

„Не се грижи пријателе, не го користев тој сервис кога те разбивав во Дубаи“, напиша Кирјос и го потсети Кукушин на нивниот последен меч во кој славеше. Казакстанецот одново одговори:

„Тоа беше коментар на сервисот „под рака“, а не на тоа дали ти го користиш или не. Немој да бидеш непристоен кон луѓето без причина.
Кирјос одлучи тој да биде последен.

„Не сум сигурен што е точно непристојно да те потсетам на некој тениски меч. Само го кажав тоа што го мислев за нашиот меч и користењето на тој сервис“, на тоа Кирјос не одговори.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ елиминиран од Синсинати!

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на АТП турнирот во Синсинати. Српскиот те…