
Арина Сабаленка после поразот во финалето на US Open пристигна на Сан Сиро. Белоруската тенисерка беше снимана на трибините на стадионот во Милано каде што го следеше натпреварот на домашниот тим против Лече.
Во финалето на последниот Гренд Слем турнир сезонава ја совлада Елена Рибакина со 2:1 во сетови, а Казахстанката го презеде првото место на WTA листата со таа победа. Изгледа дека Сабаленка брзо го остави поразот зад себе, бидејќи во Милано беше добро расположена.
Најскапиот накит кој Сабаленка го носеше на големите турнири се проценува на над 100.000 евра. Еден од сетовите на Material Good што го носеше на US Open содржеше повеќе од 127 карати скапоцен камен, а неговата вредност се проценува на околу 130.000 евра.
Aryna Sabalenka на Сан Сиро pic.twitter.com/Hx2NDtiCXI— Milan Eye (@MilanEye) 20 септември, 2026