Дома Останати Тенис Кирјос го праша Алкараз зошто носи маица без ракави, еве што одговори Шпанецот

Кирјос го праша Алкараз зошто носи маица без ракави, еве што одговори Шпанецот

Вториот тенисер во светот и втор носител на Австралија Опен, Шпанецот Карлос Алкарез загуби еден сет во второто коло на Австралија Опен, но по три ипол часа сепак го победи Лоренцо Сонего и се пласираше во следната рунда.

На Австралија Опен, Алкараз настапува во маица без ракави. Тоа го забележа и Ник Кирјос, австралискиот тенисер кој е во улога на стручен коментатор на „Еуроспорт“. Кирјос во емисијата го праша Алкараз зошто игра со таква маица.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ги гледав твоите натпревари, играше одлично. Но, забележав дека носиш маица без ракави. Твојот бицепс изгледа фантастично, твоето тело изгледа фантастично. Дали носиш маица без ракави само затоа што јас носев минатата годсина? Дали тука доби инспирација?“, праша Кирјос.

Алкараз се насмевна и одговори: Ми изгледа дека е така. Морам некако да ги исплашам противниците, а не можам со стегач за глава. Се шегувам, секако“, одговори Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…