Дома Трансфер зона Италијанско дерби за потписот на Лаказет

Италијанско дерби за потписот на Лаказет

Арсенал е спремен да го продаде напаѓачот Александар Лаказет во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.

Французинот влезе во последната година од догогорот, па на „Емирати“ сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.

Арсенал нема намера да му понуди нов договор и е спремен да ги слушне понудите кои ќе пристигнат.

Меѓутоа, заинтересираните клубови сакаат да го донесат Лаказет без обештетување и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, па најверојатно Французинот ќе ја продолжи кариерата во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Алегри

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок. …