Дома Фудбал Италија Интер прави тим за Скудето: После Санчез пристигнува уште едно засилување

Интер прави тим за Скудето: После Санчез пристигнува уште едно засилување

Алексис Санчез е на чекор од трансфер во Интер, а „нероаѕурите“ со уште еден трансфер ќе го комплетираат преодниот рок.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до комплетирање на трансферот на левиот бек на Фиорентина, Кристиано Бираги.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Италијанскиот репрезентативец е посакувано засилување за левата бековска позиција и може да пристигне на едногодишна позајмица со право на откуп, или во трампа со Политано.

Со пристигнувањата на Санчез и Бираги, Интер ќе го комплетора трансфер пазарот, а медиумите тврдат дека Конте на располагање ќе има тим за Скудето.

На Апенините сите се сложуваат дека Интер сериозно му се приближил на Јувентус и дека оваа година ќе се води жестока битка за титулата.

Конте ќе форсира формација 3-5-2, со Годин, Де Врај и Скриниар во последната линија. Десно ќе игра новото засилување од Херта, Лазаро, а на левата бековска позиција треба да пристигне Бираги.

На средината на теренот Брозовиќ ќе формира трио со новите засилувања Сенси и Барела, додека во нападот ќе биде дуото Лукаку – Санчез, а Лаутаро ќе биде прва опција од клупата.

Останува да видиме дали овој Интер ќе може да го победи Јувентус во трката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Исак: Долго време молчев додека другите зборуваа

АЛЕКСАНДЕР ИСАК синоќа беше именуван во најдобриот тим на Премиер лигата за изминатата сез…