Дома Фудбал Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Капитенот Енис Барди присустввуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Швајцарија и истакна дека атмосферата во тимот е одлична.

„Атмосферата е одлична, среќни сме што сме заедно, подготвени сме да дадеме сè од себе. Како и секогаш, одиме на победа. Очекуваме навивачите да дојдат во голем број, за нас поддршката многу значи и веруваме дека и во овој натпревар ќе не турнат напред“.

Во репрезентацијата има четири дебитанти, а Барди порача дека сите одлично се дополнуваат.

„Сите нови играчи ги пречекавме со широко отворени раце, сите работиме заедно и сигурен сум дека можеме да бидеме добра група. Новите фудбалери кои се тука, ќе ни дадат една свежина. Овој стадион е наш дом, со таа мисла треба да излеземе на теренот, секогаш мислам на нашиот идентитет како тим. Во секој позитивен резултат имавме голема поддршка, па така сакаме да биде и сега, а ние ќе го оставиме срцето на терен“, додаде Барди.

Натпреварот е закажан за во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Презадоволен сум од сите, утре веруваме во голема поддршка!

Македонија утре ја очекува натпреварот со Швајцарија во првото коло од Лигата на нации, а …