Фудбалерите на Интер беа елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид.
„Нероаѕурите“ по слабото изведување на пенали беа поразени од Атлетико Мадрид, а денеска во Италија се занимаваат со одлуката на Симоне Инзаги, Алексис Санчез да биде еден од изведувачите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Интер покрај Санчез на белата точка застанаа: Чалханоглу, Класен, Ачерби и Лаутаро Мартинез. Тројца од нив (Санчез, Лаутаро и Класен) не реализираа. .
Дискутабилен е изборот на Санчез, бидејќи Чилеанецот е лош изведувач на пенали, што јасно покажува и статистиката.
Искусниот 35-годишен фудбалер во кариерата изведе 21 пенал, а погоди само 10, односно помалку од половина. Санчез до лани имаше катастрофални 4/13, но во последната година го подобри учинокот и реализираше 6/7 од последните пенали, пред оној од вчерашниот натпревар.