Дома Трансфер зона Санчез на претставувањето во Интер кажа дека сакал да остане во Марсеј

Санчез на претставувањето во Интер кажа дека сакал да остане во Марсеј

Aлексис Санчез денес беше претставен во Интер и за Чилеанецот ова е враќање во редовите на „нероаѕурите“.

Санчез на претставувањето се заблагодари на сите во клубот, но и порача дека сакал да остане во Марсејл, но тоа не зависело само од него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не ми останува ништо друго освен да му се заблагодарам на клубот, неговиот медицински тим, персоналот и на целиот тим. Споделив многу убави моменти со моите партнери. Ви благодарам што ме поддржувавте и извинете што вршев притисок врз вас на секој натпревар и на секој тренинг. Голема благодарност до целата јавност во Марсеј која секогаш ме поддржуваше срдечно во добри и лоши моменти. Прекрасно си поминав и имам многу убави спомени од тоа.

Исто така, би сакал да разјаснам некои теми и да кажам дека од моја страна отсекогаш сум сакал да останам во Марсеј. Ова е она што отсекогаш го сакав, но не зависеше само од мене. Овој пат управата направи поинаков избор, но јас го почитувам“, изјави Санчез.

Во изминатата сезона Санчез постигна 18 голови на 44 натпревари за францускиот гигант. Чилеанецот во првиот мандат во Интер настапуваше од 2019 до 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…