Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ ги шокирал Италијанците со своите барања

Ибрахимовиќ ги шокирал Италијанците со своите барања

ibrahimovic

Ибрахимовиќ ги соопштил своите услови и ги изненадил заинтересираните клубови.

Како што пишува „Република“ Ибрахимовиќ ги изнел своите услови за враќање во Серија А. Имено, ако договорот биде до крајот на сезоната Швеѓанецот бара еден милион месечно. Тоа значи дека за шест месеци до 1-ви јули 2020 година ќе добие шест милиони.

Сумата е огромна, Болоња не може ни да помисли да си дозволи вакво нешто, а сигурно дека ќе размислат и Наполи, Милан и Рома.

Римскиот весник пишува дека клубовите се надевале дека четири милиони евра до крајот на сезоната ќе бидат доволно, но очигледно нема да биде така.

Наполи неодамна му нудеше околу 2.5 милиони евра до крајот на сезоната, но Раиола таа понуда ја одби.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дефанзивецот на Милан се сели во Наполи

Раководството на Милан е спремно да направи големи промени во тимот во зимскиот преоден ро…