Изгледа дека ладната војна помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Пеп Гвардиола никогаш нема да заврши.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од претходно е познато дека искусниот напаѓач не го сака одличниот тренер поради се што се случуваше додека Швеѓанецот настапуваше за Барселона.
Ибрахимовиќ сега повторно зборуваше за Гвардиола, овој пат за „Газета дело Спорт“ и очекувано не го штедеше од критики.
„Никогаш не се соочивме и тоа е негова вина. Кога ќе се сретневме тој се криеше од мене. Очекував тоа да се случи пред да си заминам. Како тренер е феноменален, но како човек…“, изјави Ибра.
Ибрахимовиќ во Барселона пристигна во 2008 година, но поради тоа што не се согласуваше со Гвардиола веќе наредното лето си замина од „Камп Ноу“.