Дома Фудбал Останато Зошто Роналдо на теренот секогаш зачекорува прво со десна нога?

Зошто Роналдо на теренот секогаш зачекорува прво со десна нога?

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Славниот Португалец низ кариерата постигнуваше гоови за својата земја, Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал Наср, за кого сезонава постигна 42 гола на 41 натпревар.

Светските медиуми сега не пишуваат за некој негов потег на теренот, туку за начинот на кој тој влегува на теренот.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Имено, Роналдо на теренот секогаш прво зачекорува со десната нога, а Португалката Џесика Андреас објасни дека не станува збор за суеверие, туку за дел од португалската култура.

„Имаме изрека „entra com a direita“, што значи „влезете со десна“. Тоа е вообичаено и во земји како Шпанија, Индија, Индонезија, Италија, Грција, Бразил, Русија… Нема ништо чудно“, изјави таа.

Роналдо веќе 20 години е во центарот на фудбалската јавност, а фудбалскиот свет уште долго нема да види битка на двајца фудбалери каква што имаше тој со Меси низ годините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На Србија во одлучувачкиот натпревар ќе и суди истиот судија од натпреварот со Англија

Познатиот италијански судија Даниеле Орсато е назначен за судија на натпреварот помеѓу Срб…