Дома Фудбал Феликс го натера и Роналдо да му се поклони (Видео)

Феликс го натера и Роналдо да му се поклони (Видео)

Жоао Феликс го одбележа натпреварот на Ал-Наср и Ал Фатех во Саудиска Арабија. Актуелниот шампион со победа од 3:0 ја започна новата сезона, и тоа без Кристијано Роналдо во тимот.

Свежо оженетиот Португалец го гледаше натпреварот од ложата, од каде сведочеше за генијалниот потег на сонародникот Жоао Феликс во 40. минута. Тоа беше еден од оние моменти поради кои навивачите брзаат на стадионите.

Феликс, како на мал фудбал, во слалом мина покрај дефанзивците на гостите и ја заби топката во мрежата.

Мајсторски најпрво ја протна топката меѓу нозете на директниот чувар, и додека овој се прашуваше каде е топката, Феликс веќе му избегна, потоа помина и друг играч на Ал Фатех, наиде на третиот и потоа силно шутираше кон топката.

И големиот Роналдо мораше да се поклони на ваквата бравура на својот земјак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…