Дома Топ вести Зидан ќе брка цел тим од Реал Мадрид

Зидан ќе брка цел тим од Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова лето ќе прави големи промени во тимот и ќе се откаже од неколку фудбалери, пренесува „АС“.

Од 1-ви јули „кралскиот“ клуб ќе има на располагање дури 37 фудбалери. Тоа се 26-те фудбалери од актуелниот тим плус 11 кои ќе се вратат од позајмица. За новата сезона Зидан сака да има на располагање 25 фидбалери, па поради тоа ќе има „чистка“ на „Сантиаго Бернабеу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид сака задолжително да ги врати Ашраф Хакими и Мартин Одегард. Серхио Регилон исто така е голем талент во кого „кралевите“ веруваат и може да биде испратен на нова позајмица. Играчи како Такефуса Кубо и Оскар Родригез изгледаат најдалеку од првиот тим и може да останат да играат за Реал Мадрид Б.

Новото засилување Реиниер најпрво ќе ги започне подготовките со првиот тим, а неколку првотимци ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“.

Герет Бејл, Хамес Родригез, Лука Јовиќ, Лука Модриќ и Лукас Васкес се на излезна врата и ќе го напуштат Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…