
Иван Николов повторно е во Македонија, а родниот Штип ќе биде неговата фудбалска база во новата сезона. 24-годишниот играч за врска е ново засилување за Брегалница, која продолжува да го засилува ростерот по неизвесниот почеток на сезоната.
Николов на „Градскиот стадион“ во Штип пристигнува како слободен фудбалер, откако последно го носеше дресот на Радник Бјелина. Во кариерата има интернационално искуство и настапуваше во Данска за Сондерјиске и Вендсисел.
Во македонскиот фудбал, пак, има играно за Брера, Вардар и Брегалница, па неговото враќање во Штип претставува повраток во добро позната средина.
Николов има и еден настап за сениорската репрезентација на Македонија, а претходно ги помина сите младински репрезентативни категории.
Брегалница по нешто послабиот старт на сезоната полека го консолидира тимот и носи серија квалитетни засилувања. Претходно во Штип пристигна и Максимов, кој веќе покажа дека може да биде важен фактор и да прави разлика на натпреварите од домашното првенство.