
Жоан Лапорта повторно отворено зборуваше за иднината на Јулијан Алварес и потврди дека Барселона не се откажала од намерите да го донесе аргентинскиот напаѓач од Атлетико Мадрид.
Претседателот на каталонскиот клуб јасно истакна дека Алварес и понатаму е голема желба на Барселона, но дека реализацијата на трансферот зависи од тоа дали Атлетико Мадрид ќе биде подготвен да го продаде својот напаѓач.
“Сè уште сме многу заинтересирани за потписот на Јулијан Алварес”, рече Лапорта.
Според неговите зборови, Барселона е подготвена да го заврши трансферот доколку Атлетико се согласи на продажба и ако двете страни успеат да постигнат договор околу понудата што каталонскиот клуб веќе ја претставил.