Дома Фудбал Ливерпул нема да може да го угости Реал на „Енфилд“, познато е и зошто!

Ливерпул нема да може да го угости Реал на „Енфилд“, познато е и зошто!

Ливерпул и Реал Мадрид и оваа сезона може да бидат споени во лигашката фаза на Лигата на шампионите, но евентуалниот нов судир на европските великани нема да може да се одигра на Енфилд. Причината е дополнителното правило на УЕФА со кое се спречува истиот клуб да биде домаќин на истиот противник три сезони по ред во лигашката фаза.

Реал Мадрид во претходните две сезони на Лигата на шампионите беше гостин на Ливерпул, па евентуалното трето последователно соочување би морало да се одигра на Сантијаго Бернабеу.

Станува збор за ограничување во врска со ждребот на новиот лигашки формат, а не за тоа дека Ливерпул и Реал не можат повторно да бидат извлечени како противници.

Со ограничувањето, УЕФА сакаше да спречи да се повторуваат истите парови со идентично домаќинство од сезона во сезона во новиот формат на Лигата на шампионите.

Тоа значи дека топчињата и понатаму можат да ги спојат Ливерпул и Реал Мадрид. Доколку тоа се случи, домаќин овој пат би морал да биде шпанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта застана пред новинари и испрати директна порака до Атлетико Мадрид

Жоан Лапорта повторно отворено зборуваше за иднината на Јулијан Алварес и потврди дека Бар…