Дома Фудбал Емилијано Мартинес во Челзи

Емилијано Мартинес во Челзи

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинес, е предложен на Челзи од своите претставници, а клубот од „Стамфорд Бриџ“ ја разгледува можноста да го ангажира. Иднината на 33-годишниот чувар на „Вила Парк“ е неизвесна, откако претходно овој месец пропадна неговиот трансфер во Јувентус, иако двата клубови водеа преговори за договорот. Потоа Вила го доведе Зион Сузуки од Парма, кој ќе биде нивен нов број еден во иднина. Марко Бизот започна како стартер во првиот натпревар од Премиерлигата против Брајтон во недела.

Роберт Санчез започна во првиот натпревар на Челзи за новата сезона против Фулам во понеделник, но беше виновен за двата гола на домаќините при победата од 3:2 на “сините”.

21-годишниот голман Мајк Пендерс се врати во клубот ова лето, откако ја помина минатата сезона на позајмица во Страсбург, каде што остави добар впечаток. Тој беше на клупата за резерви на „Крејвен Котиџ“.

Ова е второ последователно лето, во кое Мартинес инсистира на трансфер. Минатата година Манчестер Јунајтед водеше разговори со него и понуди позајмица во доцните фази на летниот трансферен прозорец, која беше отфрлена. На крајот, Јунајтед го потпиша Сене Ламенс.

Аргентинскиот репрезентативец одигра водечка улога во успесите на Вила и минатата сезона, придонесувајќи за четвртото место во Премиерлигата и триумфот во Лига Европа. Со тоа, тимот на Унај Емери се враќа во Лигата на шампионите оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Реал Мадрид оствари убедлива победа со 4:1 против Реал Сосиедад во натпревар од второто ко…