Дома Фудбал Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Реал Мадрид оствари убедлива победа со 4:1 против Реал Сосиедад во натпревар од второто коло на Ла Лига.

Ова беше прв натпревар за Жозе Мурињо на „Сантиаго Бернабеу“ по неговото враќање во клубот. Со хет-трик се истакна Килијан Мбапе, а Џуд Белингам направи две асистенции.

Мбапе го отвори резултатот во 40-тата минута, но Лука Сучич израмни минута пред полувремето. Баските имаа уште две добри шанси во првиот дел, но во второто полувреме беа целосно надиграни. По час игра, Белингам му асистираше на Мбапе за неговиот втор гол, а малку подоцна Англичанецот асистираше на Винисиус. Француската ѕвезда го заокружи својот хет-трик во 80-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емилијано Мартинес во Челзи

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинес, е предложен на Челзи од своите претставници, а…