Дома Бокс Рустемовски: Не знам што гледаа судиите… (ВИДЕО)

Рустемовски: Не знам што гледаа судиите… (ВИДЕО)

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето, откако беше поразен во полуфиналната борба. Сепак, од македонската делегација сметаат дека одлуките на судиите имале големо влијание врз исходот и дека Рустемовски бил оштетен при бодувањето.

По мечот, македонскиот боксер не го криеше своето разочарување од начинот на кој беше оценета неговата борба. Тој е убеден дека прикажал доволно за да стигне до победа и пласман во големото финале.

„Дефинитивно мислам дека требаше да победам. Дури и со сигурна разлика од 5-0. Меѓутоа, не знам како бодуваа и што гледаа судиите на овој меч“, изјави Рустемовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Рустемовски со нокаут го реши Зенели и избори полуфинале во Таранто (Видео)

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игр…