Дома Фудбал Италија Добри вести за Јувентус пред дербито со Милан

Добри вести за Јувентус пред дербито со Милан

Јувентус и Милан во недела ќе го одиграат големото италијанско дерби на „Алијанц Стадиум“ во Торино.

И покрај фактот што „росонерите“ веќе неколку години се далеку од европскиот врв, сепак ова дерби е едно од најголемите во Европа, според престижот на клубовите и освените трофеи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Старата дама“ е лидер на табелата и покрај фактот што не игра баш најдобро оваа сезона. Добра вест за Сари е што за дербито ќе може да смета на  Роналдо и Де Лихт.

Португалецот доби еден удар и порано го напушти дуелот со Локомотив во Москва, додека Де Лихт го пропушти ова гостување во ЛШ поради поврда.

Двајцата не тренираа со остатокот од тимот денес, но во Јувентус се оптимисти дека ќе бидат спремни за дербито во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е –…