Дома Фудбал Италија Конте летово го напушта Наполи и презема друг фудбалски великан?

Конте летово го напушта Наполи и презема друг фудбалски великан?

Антонио Конте во моментов е тренер на Наполи, но според извештаи од италијанските медиуми, можно е летово да го напушти клубот и да застане на клупата на друг фудбалски гигант во земјата.

Според информациите објавени од „Калчомеркато“, постои реална можност Конте да премине во Милан или Јувентус, и покрај тоа што има важечки договор со Наполи до јуни 2027 година.


Причината за ваквите шпекулации е едноставна – во договорот не постои клаузула со која би се дефинирала конкретна сума за откуп.

Тоа значи дека според италијанските прописи, Конте може сам да се повлече од функцијата доколку поднесе оставка, при што би се откажал од исплата на преостанатите плати од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светскиот шампион од 75 милиони евра најде дом во Мадрид, потпишува за Реал!

Во Мадрид, започнува нова ера, со новиот тренер Хаби Алонсо и забележливо променет состав …