Дома Фудбал Италија Дибала го тужи Јувентус за 50 милиони евра

Дибала го тужи Јувентус за 50 милиони евра


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Медиумите од Италија пренесуваат дека Пауло Дибала сака да го тужи Јувентус и да побара 50 милиони евра.

Аргентинецот ќе бара да му се исплати разликата меѓу договорената сума за нов договор во 2021 година, кој на крајот не го потпиша и договорот што го доби во Рома.

Тој смета дека договорот меѓу двете страни за петгодишен договор вреден 9,2 милиони евра по сезона е нешто што треба да го почитуваат, а покрај оваа цифра бара и три милиони евра кои клубот бил обврзан да му ги плати на име на плати.

Јувентус се откажа од продолжување на соработката со Дибала, иако во 2021 година начелно договорија нова соработка, беше дефинирана должината на договорот, фиксната плата и бонусите.

Дибала сака да ја наплати разликата меѓу договорите и ќе започне постапка против Јувентус преку својот адвокат Лука Ферари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Загреб добива ултра модерен стадион 🎥

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Гр…