Дома Трансфер зона Дефанзивецот на Милан се сели во Наполи

Дефанзивецот на Милан се сели во Наполи

Раководството на Милан е спремно да направи големи промени во тимот во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Милан го имаше најлошиот старт во последните 80 години, па иако во последно време играат подобро, јасно е дека ќе му бидат потребни засилувања во јануари, а на некои играчи ќе им биде отворена излезната врата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека во зимскиот преоден рок клубот сигурно ќе го напуштат Фабио Борини и Рикардо Родригез.

Борини е пред трансфер во Кристал Палас, а за Родригез постои интерес од неколку клубови од Премиер лигата, но и од Наполи.

„Скај Италија“ пренесува дека Гатузо ако седне на клупата на Наполи ќе сака да го донесе Родригез, со кого имаше одлична соработка во Милан.

Оваа сезона кај „росонерите“ блесна Тео Хернандес, па Родригез е постојано на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…