
Зинедин Зидан е неодамна избран за нов селектор на Франција и веднаш по пристигнувањето одлучи да направи неколку промени во А репрезентацијата, а една од тие промени разочара многу играчи на “Триколорите”.
Зинедин Зидан конечно се враќа на фудбалската сцена откако доби повик да ја води репрезентацијата на Франција, што го чекаше со години.
Легендарниот фудбалер стана селектор на „Триколорите“ наместо Дидие Дешан, кој остави длабока трага, и јасно е дека пред Зидан е голем предизвик.
Зидан ќе дебитира на клупата на Франција следната недела кога започнува Лигата на нациите, а Французите ќе се соберат во понеделник во својот тренинг камп кој се наоѓа во Клерфонтен.
Пред официјалното собирање на екипата, Зидан одлучи да направи одредени промени во репрезентацијата што се однесуваат на стручниот штаб и делегацијата што ќе биде со тимот, а една промена е особено интересна.
Зидан ги разочара француските играчи бидејќи одлучи да ја промени традицијата за денот на собирањето на тимот.
Познато е дека на денот на собирање, доаѓањето на француските играчи повеќе личи на модна ревија бидејќи многу од нив се обидуваат да привлечат внимание со своите облеки, а некои од нив успешно го правеа тоа.
Сепак, очигледно е дека Зидан не е целосно задоволен од тоа играчите да привлекуваат толкаво внимание во јавноста, па затоа одлучи да реагира.